Иницијативи од приватен сектор до Министерство за финансии

Почитувани,

Со цел да идентификуваме проблеми со кои се соочува приватниот сектор во Република Северна Македонија, а се во доменот на работата на Министерството за финансии, ве покануваме да доставите ваш предлог иницијатива за адресирање на даден проблем.

Бидејќи динамиката на решавање на проблемите зависи од конкретни анализи и модели на решенија, ве покануваме да бидете наши партнери и да понудите предлог решенија базирани на претходна анализа. Така нам ќе ни дадете основа да дојдеме побрзо, поефикасно и поефективно до решенија кои ќе го зајакнат приватниот сектор во државата и ќе влијаат позитивно на државниот буџет.